Топалов: Трифонов се потсмева на САД и Европа со ставовите за Македонија

од Nikola Popovski
307 прегледи

На прв поглед се чини дека Слави Трифонов напиша добар новинарски фељтон, бидејќи поставува недостижни услови. Ниту САД веднаш ќе ни даде безвизен режим, ниту Европската унија веднаш ќе не пушти во Шенген зоната, изјави бугарскиот дипломат и член на Мешовитата историска комисија, проф. Кирил Топалов за радио Пловдив.

Топалов смета дека „македонската страна никогаш нема да го испочитува договорот што го потпиша“.

-Сите овие гласини дека цел свет нè притиска се доста претерани. Пред една година, додека Меркел беше на власт, рече дека тоа е прашање од заеднички интерес. Така рече и нејзиниот министер за надворешни работи. Од македонската страна се добива впечаток дека речиси цела Европска унија врши притисок за да го тргнеме ветото, вели дипломатот.

-Трифонов е интелигентен човек и добро знае дека ваква процес е апсурдно да се склучи на овој начин. Прво нема да го направи тоа ни Америка ни Европа, а второ е недостојно за Бугарија да го оствари. Едноставно на овој начин Трифонов им се потсмеваше на САД и Европа, смета Топалов.

Начинот на кој лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, го замисли решавањето на спорот меѓу Софија и Скопје, и тоа го презентираше на Фејсбук преку свој став, предизвика жестоки реакции во Бугарија. Откако во тамошната јавност беше обвинет за „срамно распродавање на бугарските национални интереси“ заради безвизно патување во САД, Трифонов се обрати по втор пат, со образложение дека не бил правилно разбран.

„За Република Северна Македонија, вие задолжително треба да ги исполните сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коишто сте ги потпишале со Бугарија, вклучувајќи го и сето она што е поврзано со историјата на Бугарија. Северномакедонците треба да ги признаат своите историски бугарски корени. Тоа е услов за кој не може да се преговара. А за нашите партнери во НАТО и ЕУ, кога толку многу сакате да ја поддржиме Северна Македонија за преговори за членство во ЕУ, постапете партнерски кон нас, како што сакате да ви бидеме партнери – без визи во САД и веднаш во шенген зоната. Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно“, напиша Трифонов.

Слични содржини