„Toплик“ се одложи, еден од обвинетите е позитивен на ковид

од Берта Китинска
166 прегледи

Денешното закажано рочиште за случајот „Топлик“ се одложува поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19.

Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со КОВИД-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“.

Според обвинението за случајот „Топлик“, првоосомничениот Миле Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Следното рочиште е закажано за 16 февруари.

Слични содржини