Топло чоколадо со чили: Необичен спој на слатко и луто

од desk2
153 прегледи

Замислете си чоколаден напиток со остар вкус на чили и арома на рум. Звучи добро, зарем не? За подготовка на овој неверојатен пијалак ќе ви бидат потребни само десетина минути, а ќе ги воодушевите сите со неговиот вкус.

Потребни состојки:
100 грама чоколадо
5 децилитри млеко
2 ванила стапчиња
2 лажици мед
10 грама мелено чили
2 грама сол
5 децилитри рум
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото, додајте ги стапчињата ванила и оставете ја смесата 10 минути.
Прецедете го млекото, додајте го сомеленото чоколадо и 1,25 децилитри вода и повторно загрејте ја смесата со мешање.
Кога ќе се стопи чоколадото, додајте мед, сол, чили и рум и добро измешајте.
Пијалакот се служи врел.