Топлотен бран погоди голем дел од Европа

од Берта Китинска

Температурите во Велика Британија со денови надминуваат 35 степени Целзиусови, а во некои европски земји и 40.

Топлотниот бран ги зафати Германија, Италија, Франција и Шпанија.

Во Франција поради жештините се забранети сите настани на отворено, италијанските земјоделци имаат проблеми со сушата, а северот на Шпанија се бори со пожарите поради жештините.

Француското МВР ги предупреди граѓаните да бидат крајно внимателни и да не се изложуваат на временските неприлики. Државниот институт Метео Франс исто така наведува дека тоа е најраниот топлотен бран што некогаш ја погодил таа земја, а бил предизвикан од маса топол воздух што се движела од Северна Африка.

Во Шпанија, која го доживеа најтоплиот мај од почетокот на овој век, викендов се очекува температурите да достигнат до 43 степени, соопшти метеоролошката служба Аемет. Има шумски пожари во Каталонија, а се борат и со пожар кој може да зафати 20.000 хектари пред пожарникарите да го изгаснат.

Загрижувачка е и ситуацијата во Италија. Нивото на водата е толку ниско во некои области на италијанската река По што локалното население може да оди по песочното корито, а потонати воени бродови повторно почнале да се појавуваат.

Што се однесува до Британија, температурите се очекува да достигнат 33°C на југот на Англија, додека трето ниво на предупредување поврзано со топлина е издадено за Лондон.

Слични содржини