Tопол бран со температури над 40 степени

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Под влијание на топол бран во земјата следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

Слични содржини