TopSpeed за новиот „ѕвер“ на Rimac: Хрватите направија суперавтомобил

од desk2
134 прегледи

TopSpeed, портал кој од 1995 година го следи пазарот на најекстремните и најлуксузни автомобили, за новиот модел на Rimac тврди дека е помеѓу најинтересните и најдобрите автомобили произведени во првата половина од оваа година.

„Хрватите направија нешто неверојатно, создадоа автомобил кој слободно може да се опише како суперавтомобил или хиперавтомобил“, пишува TopSpeed.

Како што пишува во текстот на TopSpeed, хрватскиот произведувач Rimac Автомобили, на саемот на автомобили во Женева, кон почетокот на оваа година, го откри моделот C_Two, кој пристигна како наследник на познатиот автомобил Concept_One.

Автомобилот е електричен и удобен, проценува споменатиот портал за автомобили.

C_Two има неколку важни задачи – да го привлече светското внимание на произведувачите, да ги промовира електричните автомобили, на Rimac да му донесе бизнис понуди и да го победи Tesla Roadster, пишува TopSpeed.