305
Поранешниот шпански фудбалер Фернандо Торес (37) е назначен за тренер на младиот тим на Атлетико Мадрид. Торес минатата сезона работеше на клупската академија како асистент и сега отиде чекор понатаму, преземајќи го тимот до 19 години.
– Горд сум и среќен, пред мене е возбудлив предизвик и ќе дадеме се што можеме за да продолжиме да му служиме на нашиот клуб – напиша Торес на Твитер.
„Ел Нињо“ ја започна својата фудбалска кариера во Атлетико Мадрид, а потоа играше за Ливерпул, Челси, Милан, а во 2015 година се врати во Атлетико каде остана уште три сезони.
Кариерата ја заврши во јапонскиот клуб Сеган Тосу.