Торонто со победа над Голден стејт ја започна финалната серија во НБА

од desk4
109 прегледи

Торонто рано утрово на домашен терен го победи Голден стејт со 118:109 (25:21, 34:28, 29:32, 30:28) во првиот меч од финалето на НБА плејофот.

Гостите од Оукленд до средината на втората четвртина беа рамноправен противник, а по последното нивно водство од 41:40, Торонто ја презема иницијативата и на полувреме замина со двоцифрена предност (59:49). Во вториот дел бранителот на трофејот се обидуваше да фати резултатски приклучок, стигна до минус три (90:87) во почетните минути од последниот период, но не направи целосен пресврт.

Во тоа на „воините“ не им помогна ниту Стеф Кари кој со 34 поени беше најефикасен играч на мечот.

Најефикасни кошаркари во победничкиот тим беа Паскал Сијакам со 32 и Кавај Ленард со 23 поени.

Вториот дуел во серијата прв до четири победи е на 3 јуни исто така на теренот на Торонто.