Торта со чоколадо и афион

од desk2
638 прегледи

Еве еден прекрасен рецепт за торта со афион, за оние кои сакаат да се заблажат.


Состојки:

Тесто:

8 жолчки од јајце;
8 белки;
200 гр. шеќер;
200 гр. путер;
300 гр. афион (мак);
120 гр. пржени и мелени лешници;
Околу 250 гр. мармалад од сливи.
Глазура:

150 гр. чоколадо;
150 мл. слатка павлака;
2 кесички ванилин шеќер.
Подготовка:

Со миксер матете го путерот со 100 гр. шеќер. Кога смесата ќе стане хомогена, додавајте ги жолчките една по една и сè добро измешајте.

Белките матете ги со преостанатите 100 гр. шеќер и кога ќе добиете цврста пенеста смеса додадете ги афионот и лешниците. Потоа помешајте ги двете смеси.

Калапот за торта со дијаметар од околу 28 см. обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со путер. Во претходно загреана рерна печете околу 40 минути на 170 степени. Печената торта извадете ја од рерната и оставете ја да се олади.

Кога ќе стане млака (не ладна), извадете ја од калапот, поставете ја на голема чинија за служење и премачкајте ја целата торта со мармаладот од сливи.

Подгответе ја глазурата. Во слатката павлака растопете го чоколадото, додадете го ванилиниот шеќер и оставете за зоврие. Премачкајте ја тортата со чоколадната глазура преку слојот од мармалад. Кога ќе се излади, ќе биде готова за служење.

Добар апетит!