Торта со диња што се топи во уста

од desk2
802 прегледи

 

Еве еден рецепт за сочна торта со диња, чиј основен рецепт е торта со праски. Брзо се прави, многу е ефтина и вкусна, и совршено се топи в уста.

Состојки
4 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици брашно
4 лажици масло
4 лажици студена вода
кора од лимон
1 помала диња или праски

Подготовка
Изматете ги 4 жолчки со 4 лажици шеќер, пенасто, додадете масло, вода, брашно, кора од лимон па се изедначете и сипете во подмачкан плех. Одозгора наредете парчиња диња или праска. Белките изматете ги со 4 лажици шеќер во цврст шлаг, па ставете преку овошјето.

Печете на 180 степени Целзиусови 40 – 45 минути. Оставете да се излади и исечете.