Тортевски: Ако станам градоначалник нема да седнам во службена кола, ќе вработам само тројца во општината

од Nikola Popovski
751 прегледи

Ако станам градоначалник, никогаш нема да кажам јас направив, затоа што прават граѓаните со своите пари. Ние само ќе ги менаџираме парите на граѓаните, изјави Александар Тортевски од „Твоја партија“, кој ќе се кандидира за градоначалник на град Скопје.

Тој наведува дека Скопје е сиромашен град со годишен буџет од 120 милиони евра.

-Нема да седнам во службена кола, туку ќе си се возам со својата. Мораме да ги трошиме парите рационално и затоа ќе вработам само тројца во општината, ако ја добијам довербата на граѓаните, вели Тортевски во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

За важни прашања, вели тој, ќе распише референдум.

-Ако станам градоначалник, трамвајската линија ќе биде составени од 4 линии и ќе се движат по жолта брза патека. По неа ќе можат да возат и приватни автомобили, ако возат по тројца. Автобуската карта ќе важи 2 часа, додава Тортевски и информира дека ако победи на изборите, ќе воведе мониторинг со дронови, за да се пронајдат загадувачите и тие што фрлаат ѓубре и создаваат диви депонии.

Слични содржини