847
Кандидатот за градоначалник на Твоја партија, Александар Тортевски се закани дека ќе ја напушти дебатната емисија на МТВ, поради незадоволство од редоследот на поставување прашања.
-Не можеме секогаш ние да бидеме петти или шести. Шилегов има право на сѐ. Ова не е фер. Треба да се промени редоследот. Доколку на паузата, ова не се промени, тогаш јас ќе ја напуштам дебатата, рече Тортевски обраќајки се до водителот на емисијата.
Тој укажа дека бесплатен превоз никаде не постои.
-Трошоците за одржување постои, транспортот исто така. Би давал по 100 денари на секој кој на работа ќе оди пешки, најави Тортевски.