Тортиљи со тиквички и два вида кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska
404 прегледи

Тортиљи кои можете да ги јадете во било кое време од денот.

Состојки:

– 1 средна главица кромид

– 2 тиквички

– 200 гр варена пченка

– 2 јајца

– 200 гр рендан кашкавал

– 50 гр рендан пармезан

– 4 големи тортиљи

– сол, бибер

– маслиново масло

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го. Пропржете го на две или три лажици маслиново масло. Додадете ги тиквичките кои претходно ги измивте, излупевте и исечкате на помали коцки или ленти.

Додадете сол, бибер и пржете ги кромидот и тиквичките пет минути.

Изматете ги јајцата и истурете ги во садот со тиквичките и кромидот. Кога ќе се сварат јајцата се тргаат од шпорет и се додаваат сварената пченка и пармезанот, па се меша.

Подгответе голема тава и прелијте ја со малку маслиново масло и загрејте ја на средно висока температура.

На чинија ставете една тортилја, посипете ја со малку рендано сирење, премачкајте со половина од смесата со тиквички и јајца, повторно посипете со кашкавал и покријте ја со друга тортиља.

Внимателно префрлете ги тортиљите во тавата и варете од едната страна две до три минути. Потоа префрлете се на другата страна и исто така варете две до три минути додека кашкавалот не почне да се топи.

При печењето слободно исцедете ги тортиљите за полесно да се залепат. Постапката повторете ја со останатите тортиљи и филот.

Кога ќе се испечат тортиљите, исечете ги на триаголници и послужете.

Слични содржини