Тошковски бара полицијата да биде на висина на задачата во пресрет на изборите

од Nikola Popovski
212 прегледи

Денес (27.02.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Единицата за внатрешни работи Карпош каде одржа работен состанок со раководството.

На состанокот од страна на раководството на ЕВР Карпош беше презентирана структурата и кадровската пополнетост на Единицата и беа истакнати неколку проблеми со кои се соочуваат во работењето од аспект на човечки ресурси и материјално-технички средства.

На состанокот заеднички се констатираше дека потребно е во иднина да се инвестира и работи во насока на подигнување на мотивацијата и условите во кои работат полициските службеници, бидејќи полицијата е лицето на државата.

Од страна на министерот Тошковски беше побарано во пресрет на двата изборни циклуси кои не очекуваат да се преземат сите потребни мерки и активности, со цел полицијата да биде на висина на задачата и да овозможи спроведување на мирен и демократски изборен процес.

Слични содржини