Тошковски го осуди терористичкиот акт во Русија

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го осуди терористичкиот напад врз цивили што се случи вчера во „Крокус Сити Хол“ во Москва, во кој, според последните податоци загинаа 143 лица.

– Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала „Крокус сити хол“ во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Според министерот Тошковски, ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми.

Слични содржини