Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

од Љубиша Владимиров
35 прегледи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Државниот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски, официјално потпишаа нов Протокол за соработка. Оваа иницијатива е важен чекор во засилувањето на интер-институционалната координација, со цел ефикасно откривање и гонење на кривичните дела.

Министерот Тошковски истакна дека потпишувањето на Протоколот не само што ќе ги унапреди процедурите за соработка, туку и ќе ја зацврсти довербата помеѓу двете институции.

„Прецизните правила ќе создадат поголема ефикасност за правдата и за законите, и ќе нè опремат со алатки потребни за успешно справување со криминалот и корупцијата“, нагласи Тошковски.

Според него, документот нуди јасни насоки за полициските службеници и јавните обвинители, со цел подобрување на ефикасноста на кривичниот прогон.

„Ова не е само правен акт, туку и волја за заедничка акција, заснована на доверба и отчетност“, додаде тој.

Од своја страна, Јавниот обвинител Коцевски подреди акцент на оперативната важност на новиот Протокол.

„Тоа не е политичка декларација, туку конкретен оперативен план кој ги поедноставува процедурите и ја засилува координацијата при истрагите“, објасни Коцевски. Тој нагласи дека институциите се соочуваат со комплексни форми на криминал и дека овој документ ќе помогне во нивното справување.

Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакна дека овој Протокол е основа за нова фаза на соработка.

„Оваа иницијатива ќе донесе видливи оперативни ефекти и ќе отвори пат за заеднички обуки и практики. Подобрувањето на стандардните оперативни процедури ќе овозможи поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата“, заклучи амбасадорот Вал.

Со потпишувањето на оваа важна иницијатива, МВР и Јавното обвинителство демонстрираат посветеност кон заедничката цел – праведно и ефикасно спроведување на правдата во Македонија.

Слични содржини