Тошковски ја презеде функцијата од Буши

од Nikola Popovski
2,8K прегледи

Довчерашниот технички министер Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи.

Денеска (24.06.2024) во Министерството за внатрешни работи, досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Панче Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада.

-На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството, информираа од МВР.

Во самата биографија на Тошковски, поднесена до Собранието, пишува дека покрај тоа што е адвокат во чиј опис на работа влегуваат имотно-правните спорови, има положено испит за проценка на недвижен имот. Додека бил советник во Министерството за транспорт и врски, работел на акти во врска со градежното земјиште и земјишната политика, а таму членувал и во комисии за концесии и јавни наддавања за градежно земјиште. Бил член на одборот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, а работел и како експерт за управување со градежното земјиште за Општина Илинден. Работел и на легализации на недвижнини за разни организации.

Слични содржини