4,2K
„Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас“, напиша досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, кој е предлогот за истата оваа функција во новата влада.
Тој се заблагодари на Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која му ја укажаа.
„Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија, дополни Тошковски.