Тошковски на средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници

од Radmila Tasevska

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска се сретна со претставници и со претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавраков.

Како што соопшти МВР, на средбата претставниците на асоцијацијата ги претставиле проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнале проблемот со патните исправи кои им се неопходни  при своето секојдневно работење.

Од Министерството посочуват дека туристичките водичи и придружници се амбасадори на нашата држава и треба да им се излезе во пресрет на нивните барања.

Тошковски изјавил дека преземените мерки за забрзување на процедурите за сите граѓани веќе вродуваат со плод, па така ќе резултираат со позитивен исход и за членовите на Асоцијацијата на туристички водичи и придружници.

Слични содржини