Тошковски од Азербејџан: Потпишавме договор за поефикасно справување со современите безбедносни предизвици

од Даниел Ѓорѓиевски
31 прегледи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денеска престојува во работна посета на Азербејџан, каде оствари средба со неговиот азербејџански колега Вилајат Ејвазов.

По средбата, министерот Тошковски истакна дека оваа посета има клучно значење за зајакнување на билатералната соработка во областа на безбедноста и размената на искуства за справување со современите безбедносни предизвици.

„Со министерот Ејвазов дискутиравме за нови форми на соработка кои досега не биле воспоставени. Договоривме потпишување на Договор за безбедносна соработка и Меморандум за разбирање меѓу нашите центри за обука. Ова ќе овозможи размена на искуства, заеднички обуки и унапредување на капацитетите на нашите безбедносни структури,“ изјави Тошковски.

Во рамки на посетата, делегацијата на МВР се запозна со напредните безбедносни системи во Азербејџан, меѓу кои системот „Безбеден град“ и Интелигентниот систем за менаџмент на транспортот. Министерот потенцираше дека овие технологии се меѓу најсовремените во светот и дел од нивните искуства ќе бидат искористени за развој на македонскиот национален систем за урбана безбедност.

Посетата на министерот Тошковски се оценува како значаен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во доменот на безбедноста и технолошката модернизација.

Слични содржини