Не би можел да прокоментирам нешто што не сум го видел. Нареден пат ќе ви дадам одговор на прашањето, изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски откако денеска беше запрашан дали ќе бидат преземени мерки и дејствија против полициски службеници кои на социјалните мрежи објавувале фотографии со политичари во екот на изборната кампања.
Тошковски истакна дека согласно законот, полициски службеник не смее да биде член на политичка партија.
-Дали полицаец има право да се фотографира со политичар за време на кампања, тоа е друго прашање. Треба да проверам, па ќе ви одговорам, рече министерот.