Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа, стои во соопштението на МВР.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, оддавајќи почит на нивната жртва и херојство.
Тошковски уште еднаш потсети дека делото и пожртвуваноста на загинатите полициски службеници претставуваат траен завет и силен потсетник за значењето на службата во заштита на безбедноста и државата.
Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации, велат од МВР.