Тошковски: Се соочуваме со големи предизвици и нашата улога денеска е поодговорна од кога било

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по повод Денот на македонската полиција оддаде почит на сите припадници на МВР кои го загубиле својот живот во рамките на службата.

– Овој ден е посветен на вас, на сите полициски службеници ширум Македонија, на луѓето кои секојдневно професионално се грижат за безбедноста на граѓаните, порача министерот, нагласувајќи дека да се биде полицаец не значи само носење униформа, туку и посветеност на заштитата на татковината.

Тошковски ја потенцираше и сложеноста на современиот безбедносен контекст и предизвиците со кои се соочува полицијата.

– Современиот безбедносен контекст е сложен, се соочуваме со големи предизвици и нашата улога денеска е поодговорна од кога било, истакна тој, додавајќи дека Министерството за внатрешни работи активно соработува со бројни европски и регионални партнери.

Слични содржини