Тошковски: Срам да им е на политичките „добронамерници“ што сега обвинуваат, а државата ја оставија на вакво дереџе

од Nikola Popovski
837 прегледи

Факт е дека Македонија е во катастрофална состојба, но срам да им е на овие политички „добронамерници“ што обвинуваат дека некој друг е виновен затоа што државата ја оставија на вакво дереџе, да нема систем. Срам да им е, ама нека не се секираат за народот – сите овде јасно гледаат кој што направил претходно, а кој како одговара сега. Народот го има правото да пресуди. Наместо да смогнат сили и да гледаат да помогнат, тие го прават ова, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по обвинувањата на СДСМ и барањето за негова смена како раководно лице на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Првиот полицаец во државата истакнува дека како МВР прават се што е можно за да се лоцираат оние кои се директни виновници за предизвикување на пожарите.

-Најчесто станува збор за човечки фактор кој што ги предизвикува пожарите и жестоко ќе реагираме во иднина на секој оној кој што со докази ќе успееме да го процесуираме. Жално е кога еден министер за внатрешни работи секогаш треба на оперативно и техничко ниво, да менаџира со сите проблеми кои ги тангираат граѓаните. Сепак нека не се грижат, овој министер има доволно енергија да присуствува во рамки на пожарите и на билатерална средба и да биде со полицајците и секаде каде што е потребно. За жал, денот има само 24 часа, кажа Тошковски по средбата со неговиот косовски колега, Џељаљ Свечља во просториите на МВР.

Слични содржини