Тошковски за избришаното видео со Ахмети: „Кога некој е кабает…“

од Nikola Popovski
123 прегледи

На социјалните мрежи, во изминатите денови се ширеше видео со кадри од конфликтот во 2001 година. На видеото, кое моментално е избришано, беше прикажан лидерот на ДУИ, Али Ахмети, облечен во униформа на УЧК и порачува дека досега не загубил ниту една војна. Покрај воинствените песни за ОНА и Ахмети, во видеото доминираше неговиот воинствен говор од некој митинг.

Денеска министерот за надворешни работи, Панче Тошковски запрашан дали ќе се преземе нешто за ваквиот наратив, рече дека „кога некој е кабает, нормално е дека ќе се обидува да дефокусира и измислува теми кои што не се тема и да наметнува прашања кои што одамна се затворени“.

-Ова би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а реалност е дека заврши времето на „како досега“, заврши времето кога криминалците не одговараа и заврши времето кога нивните предмети беа буткани во фиоки и под тепих, рече Тошковски од Желино.

Темата етнички тензии, ДУИ ја користи веќе неколку месеци особено откако беше укинат балнсерот и поради предметот во Уставен суд во врска со Законот за јазици.

Видеото со Ахмети во изминатите денови масовно го споделуваа членови, функционери и групи на социјалните мрежи од ограноците на ДУИ.

Слични содржини