Тотенхем подготвува многу изненадувачки, но евтин трансфер

од Vladimir Zorba

Тотенхем може да го доведе напаѓачот на Вест Хем, Ендрју Керол, кој ќе има задача да го замени повредениот голгетер на „петлите“, Хари Кејн.

Кадровските проблеми за Маурисио Почетино се зголемуваат со секој изминат ден и Аргентинецот ќе мора да побара решение на кризата со офанзивни играчи. Кејн е аут за два месеца, а Хјун-Мин Сон не може да биде искористен, бидејќи е посветен на репрезентацијата на Јужна Кореја за натпреварите од Купот на Азија.

Синоќа повреда доби и Деле Али, за кого уште не се знае колку време ќе отсуствува. Така единствениот напаѓач, кој во моментов може да го користи Почетино е Фернандо Љоренте.

Керол ќе излезе прилично евтино на Тотенхем, а според медиумите на Островот тимот од Лондон можат да го земе за околу 2 милиони фунти. Причината за ова е дека договорот на 30-годишниот напаѓач со Вест Хем истекува во летото.

Слични содржини