Toyota со солзавец ќе ги заштитува автомобилите од кражба

од desk2
119 прегледи

Инженерите во Toyota смислија мудар план што ќе помогне во борбата против крадци на автомобили.

Планот е конкретен: Toyota сака да ги опреми автомобилите со солзавец што ќе се активира кога компјутерот и сензорите ќе откријат „незаконско палење на моторот“.

Јапонската компанија ја предаде апликацијата за патент на мирисниот систем што покрај пријатни мириси може да испушти солзавез ако во автомобилот се најде натрапник.

Проценката ја прави компјутерот, односно неколку компјутери. Мирисите ќе се бираат со помош на контролор што може да го одреди специфичниот мирис за различни луѓе.

Системот ќе биде поврзан со смартфонот на корисникот и ќе активира одреден мирис во зависност од тоа кој влегува во автомобилот, а наведени се мириси што се испуштаат откако лицето ќе излезе од автомобилот за да се освежи неговата внатрешност и да се отстранат некои непријатни мириси.

Меѓутоа, ако некој некој влезе во автомобилот и не е поврзан со мирисниот систем и се обиде да го стартува моторот, системот ќе го „закочи“ возилото и ќе испушти солзавец во неговата внатрешност.

Напоменуваме дека се работи само за патент за кој е поднесено барање за одобрување и нема гаранција дека овој систем ќе се реализира.

Што мислите вие, дали е ова иднината на безбедноста на автомобилите?

Слични содржини