Тозија: Ова што ни се случува со филмот е невиден бум, потребна е стратегија за да опстои филмската индустрија во државата

од Nikola Popovski

„Последниве 5, 6 години има прогрес на македонскиот филм. Тоа се должи на некакви кружоци, каде филмските работници обидуваат да се надградат и да дојдат до некаков проект кој ќе можат да го промовираат“, вели режисерот Вардан Тозија во утринската програма на „Слободен печат“. Кој додава дека Македонија сега го живее инцидентниот бран на филмот кој за да опстои ќе мора сериозно да се офрми државна стратегија.

„Мислам дека ова што ни се случи на филмот овој невиден филмски бум , ова прикажување на филмот во светски рамки од еминентни и не толку еминентни автори кај нас, не било до сега. Сега треба да се негува, постојат големи сили кои се обидуваат да го задушат тоа, се надевам дека нема да успеат. Но мислам дека нема да продолжи да опстанува. Затоа што на вакво нешто што би го нарекол инцидентен бран, треба да се оформи стратегија, за да се опстои“, вели Тозија.

За неговиот филмот „М“ кој ја доби наградата за најдобар на Њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“ кој ја опишува приказната на момче кое живее во шума и тргнува во неа да ја бара својата самовила, мајка си која никогаш не ја видел вели дека е некомерцијален , хибриден филм кој бара многу време и средства.

„Таа приказна беше поставена на неколку станици како некаков костур и јас тргнав со тоа. Идејата беше .. Како мал додека постоеше некакво издаваштво од поранешнаат Југославија, собирав едни мали алманаси и фокусирав на научна фантастика. Од секогаш имав фасцинација кон еден дистописки жанр. И пораснав, почнав да се бавам со филм. Знам дека голем дел од денешните жанровски филмови робуваат на клишеа за да ја задоволат публиката и затоа се обидов да направам еден хибриден филм, буквално таков каков што сакам да гледам.

Кој раскажува една драмска ситуација, една обична приказна зад која се наоѓа еден силен жанросвки печат за едедн свет кој е напуштен и уништен од самите нас, од човештвото.

Е тоа секогаш има зошто не се снимаат тие филмови, затоа што се скапи, меѓутоа затоа што ние живееме во земја во транзиција, малку ни е полесно да дојдеме до тие локации и амбиенти. Добивме најмал буџет. И баравме финасии од различни донатори“, додава Тозија.

Слични содржини