Тозовац почива со легенди – погребан до Цуне Гојковиќ и Бата Живојиновиќ

од Vladimir Zorba
538 прегледи

Предраг Живковиќ Тозовац беше погребан денеска во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Пејачот на местото каде вечно ќе почива го придружуваа неговото семејство, пријатели и бројни колеги со кои настапуваше со децении, а меѓу нив беа и Оливера Ковачевиќ, Милена Плавчиќ, Бане Обрадовиќ, Ацо Пејовиќ, Драгица Радосављевиќ Цакана, Ера Ојданиќ …

Тозовац беше погребан помеѓу Милорад Мандиќ Манда, Драган Николиќ и Милена Дравиќ. Пејачот беше погребан во истата гробница со Цуне Гојковиќ и Бата Живојиновиќ, која собира 4 ковчези.

Беше погребан под звуците на песната „Jesen u mom sokaku“.

Тозовац ја изгуби битката со коронавирусот на 85-годишна возраст.

Неговите родители го откриле неговиот талент за музика кога имал четири години, а веќе на десетгодишна возраст свирел хармоника на свадби.

Најпознат е по песните „Tražiću ljubav novu“, „Vlajna“, „Jesen u mom sokaku“, „Mirjana“, „Ti si me čekala“, „Violino ne sviraj“, „Ovamo Cigani“, „Oči jedne žene“, „Prazna čaša“ и други.

Денес во салата Комбанк се одржа комеморација за пејачот на која присуствуваа Снежана Ѓуришиќ, Вера Матовиќ, Снежана Бабиќ Снеки, Мерима Његомир, Неда Украден, Ана Бекута, Милутин Мркоњиќ …

Фото: Информер

Слични содржини