Премиерот Зоран Заев нагласи дека нема да се брза новата реформа во образованието, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне.
„Во наставата ќе се вклучат наставни содржини суштински за образованието на децата, како медиумската и дигитална писменост, хигиената која видовме и тоа како е важна во пандемијата со коронавирусот и екологија. Тие нема да бидат на сметка на останатите досегашни предмети за изучување, ќе си имаат паралелно и географија, историја, хемија, физика..“, откри премиерот додека јавноста претспоставува и нема доволно информации какви ќе бидат реформите во образованието најавени од министерката Мила Царовска.
Заев нагласи дека нема да се брза новата реформа, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне.
-Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште, истакна Заев, појаснувајќи го новиот концепт на основно образование кој го најави Министерството за образование и наука.