Традиционално реализирана хуманитарната акција „Дарувај од срце” и во Охрид

од desk4
132 прегледи

Форумот на жени на OO СДСМ Охрид во соработка со Црвениот крст на град Охрид традиционално ја реализира хуманитарната акција „Дарувај од срце”.

Акцијата се состоеше од донирање на облека и обувки која Црвениот крст ќе ја дистрибуира до нашите граѓани на кои помошта им е најпотребна.

Со оваа акција Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид има за цел да ја потикне јавната свест во насока на ублажување на егзистенционалните проблеми на граѓаните и да го ублажи човековото страдање. Давајќи малку, помагаме многу“, велат од СДСМ Охрид.