Трагедија во Битола: Починаа две лица откако се задушиле од гасови кај местото што извира кисела вода

од Берта Китинска
261 прегледи

Двајца битолчани се пронајдени починати кај изворите за кисела вода што испуштаат отровен гас кај месноста Сребрена вода.

„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на битолската село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од Итната помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција, соопштија од СВР Битола.

Слични содржини