Во судир на два автомобила на меѓудржавен пат во Тенеси, САД, загинаа шест девојчиња, а две лица се повредени, соопштија локалните власти.
Според Си-Ен-Ен, несреќата се случила во неделата рано наутро по локално време.
На местото на несреќата, според првичните информации, биле пронајдени шест мртви девојчиња на возраст од 1 до 18 години. Сите биле до превртеното возило од кое најверојатно биле исфрлени од силината на ударот.
Жена, за која се верува дека исто така излетала од истиот автомобил, била пронајдена во критична состојба.
На местото на настанот ѝ била укажана лекарска помош пред да биде пренесена во локалната болница, соопштија официјални лица.
Уште еден маж е повреден и исто така е пренесен во болница.
Возачот на другиот автомобил кој учествувал во несреќата не е повреден.
Жртвите се уште не се идентификувани и не се знае дали се во роднинска врска. Причината за несреќата, исто така, се уште не е објавена.
Истрагата е во тек.