МВР информира за трагичен настан кој се случил вчера во струмичко.
-На 14.01.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во круг на фирма во Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица.
Според пријавеното, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото.
Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, стои во полицискиот билтен.