21
Поранешниот италијански фудбалер Андреа Капоне (43) е пронајден мртов во хотел по забава со пријателите.
Полицијата соопшти дека смртта била ненадејна, а се сомничи и повреда на вратот поради пад.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Капоне бил на вечера и забава со пријателите, а следното утро бил пронајден во несвест.
Брзата помош се обидела да го оживее, но безуспешно.
Капоне е поранешен играч кој поголемиот дел од кариерата го помина во Каљари. Кариерата ја започна во 1998 година, а ја заврши во 2010 година.
Играше и за Сора, Тревизо, Виченца, Гросето и Салернитана, кој беше неговиот последен клуб.