Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.
Денеска (1 август) во 16:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста “Стрезимирски мост”, патничко возило “рено”, со германски национални ознаки, излетало од коловозот и паднало во реката Радика, информираат од СВР Тетово.
На местото на несреќата, првично починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на укажување лекарска помош.
Екипи на СВР Тетово се веќе на лице место и наскоро ќе започне увид што ќе го води Јавен обвинител и во кој ќе учествува и екипа од ОВР Гостивар.