Тинејџер (15) застрелал и убил двајца браќа и сестра во дом во близина на Фербенкс, Алјаска, а потоа се самоубил. Тој бил пронајден со прострелна рана, соопштија властите.
Полицијата на Алјаска добила дојава за пукање во дом северно од Фербенкс околу 16 часот во вторникот. Кога пристигнале на местото на настанот затекнале четири деца со прострелни рани. Родителите на децата во тој момент не биле дома, според полицијата, пренесува ABC News.
Во куќата имало уште три деца, но не се повредени, се вели во соопштението. Тим Деспејн, портпарол на полицијата, рече дека сите деца кои не се повредени се на возраст под 7 години. Тој додаде дека сите тие се браќа и сестри.
Децата кои биле пронајдени мртви биле на 5, 8, 17 и 15 години. Полицијата соопшти дека нивната истрага покажала дека момчето (15) убило двајца браќа и сестра, а потоа си го одзел животот. Деспејн рече дека прашањето за мотивот сè уште е дел од истрагата.
Полицијата вели дека пиштолот „е на семејството, но освен тоа, сè друго е сè уште дел од тековната истрага“. Телата се испратени на обдукција.