Вчера попладне во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, едно лице загинало, а две се тешко повредени, информираат од МВР. Трагичниот настан се случил околу 15 часот во атарот на Агино село.
Другите две лица со тешки повреди се пренесени на лекување.
-Вчера околу 15:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на село Агино село, Кумановско, патничко возило „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од шеесет и четиригодишниот И.А. од Куманово, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт, соопшти МВР.
Возачот И.А. и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.
На сообраќајната несреќа интервенирала и противпожарна единица.