506
Двајца туристи од Македонија се удавија денеска на плажа во Албанија кај Драч, објави албанската телевизија А2 (a2news.com).
Според полициските информации, околу 11:30 часот на плажа кај местото Шпиле, се удавиле две постари лица, М.М. (79) и Ц.М. (78), кои дошле на одмор од Битола.
Високите бранови се сметаат за причина за давењето на туристите, јавуваат албанските медиуми, кои ја објавија информацијата за трагедијата.
Десет минути пред трагедијата кај Шпиле, на плажа во Велепоја, се удавил и 59-годишен маж со иницијали Х.Х.