33
Тежок инцидент се случил на улицата „Солунска“ во Битола, каде млада жена, според првичните информации, физички ги нападнала своите баба и дедо. Според извори од истрагата, таа во семејна расправија употребила нож и им нанела повеќе убодни рани.
На лице место веднаш излегле екипи на Министерството за внатрешни работи, кои по наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, извршиле увид и започнале истрага за целосно расчистување на случајот. Осомничената е приведена и задржана од страна на полицијата, а во тек се активности за обезбедување на докази и утврдување на сите околности поврзани со нападот.
Истрагата продолжува.