307
Полицијата соопшти дека во текот на вчерашниот ден во 09.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба.
Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснила пожарот, а во собата била пронајдена почината П.Н.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.