78
Вчера дошло до трегедија во Дојранското езеро откако маж влегол во водата, по што се удавил. Настанот бил пријавен во СВР Струмица во 10 часот и 10 минути.
Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.
-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од Струмичката полиција.
Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.