Едно лице загина при уривање на мост во изградба во Патра, западна Грција, во неделата, објавија властите.
Надлежните додаваат дека едно лице е повредено.
Претходно беше кажано дека има луѓе заробени во урнатините, но бројот не е познат.
BREAKING: Partial collapse of a road bridge that was undergoing maintenance work in the city of Patras, #Greece.
Two injured have been taken to hospital, whilst there are still people trapped in the rubble. pic.twitter.com/9jEAqhIyps
— Insider Corner (@insidercnews) July 23, 2023
Телевизијата ЕРТ објави дека 5 лица се тешко повредени, но оваа информација се уште не е потврдена од надлежните.
Во тек е голема спасувачка операција.
Засега не се познати причините за уривањето на мостот кој се наоѓа на патот што ја поврзува Патра со Атина.