Трагедија во Италија: Тројца македонски државјани загинале во тешка сообраќајка

од Nikola Popovski
266 прегледи

Четири лица, од кои тројца македонски државјани загинале во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во италијанската провинција Асти, пишуваат тамошните медиуми.

Според италијански „Ла Воче ди Асти“, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишен Италијанец, на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде.

Тамошната полиција се уште ги испитува причините поради кои се случила тешката сообраќајка.

Нема податоци за идентитетот на македонските државјани.

Слични содржини