Трагедија во прилепско: Загина 20-годишник во тешка сообраќајка

од Nikola Popovski
706 прегледи

20-годишник од прилепското село Браилово загинал во тешка сообраќајна несреќа, соопштија од полицијата.

Според официјалните податоци, вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје.

Како што соопштија од полицијата, во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Слични содржини