1,1K
МВР информира дека синоќа се случила трагедија во радовишко, откако 20-годишно момче од селото Коџалија, починало по удар од гром.
Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 часот на ливада на место викано Водовод од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23).
-Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во полицискиот билтен.