ТРАГЕДИЈА во регионот: Загинаа три деца!

од Nikola Popovski
43 прегледи

Три деца загинале синоќа во пожар во семејна куќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец, Хрватска, а 29-годишен маж и 25-годишна жена кои носеле дете на раце успеале да побегнат од куќата, соопштиле во петокот од тамошната полиција.

Според информациите, пожарот избувнал околу 22:30 часот во поткровјето од куќата. Повредената 25-годишна жена и детето се пренесени во Жупаниската болница Чаковец, каде им се констатирани полесни повреди.

Во Центарот за оперативни и комуникации на Полициската управа „Меѓимурје“ во 22.52 часот е пријавено за пожар во куќа во Куршанец, по што на местото на настанот биле испратени сите расположливи противпожарни екипи, полицијата и итната медицинска помош, јавува Хина.

По гаснењето на пожарот, припадниците на Јавната противпожарна единица Чаковец го пребарале опожарениот простор и пронашле тела на три деца.

За трагичниот инцидент бил известен надлежниот државен правобранител, кој наредил истрага на местото на настанот, соопштиле од полицијата.

Слични содржини