Трагедија во Штип: Избегал од модуларна болница, подоцна го пронашле починат

од Nikola Popovski
268 прегледи

Седумдесет и пет годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во штипската модуларна болница на полноќ избегал, a eден час подоцна е пронајден мртов во една од околните улички околу штипската болница.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека на лице место излегле полициски службеници и јавен обвинител. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврдува настанот. Според него и вработените главниот влез на модулраната болница секогаш е заклучен, но пациентот успеал да излезе преку задниот влез, од каде се носат пациенти.

Првичните резултати од обдукцијата говорат дека телото нема видливи траги на насилство и веројатно причина за смртта е белодробната пневмонија.

 

Слични содржини