Трагедија во Скопје: Пронајдено изгорено човечко тело

од Nikola Popovski
67 прегледи

Еден загинат во вчерашниот пожар што беше пријавен на територија на скопската општина Ѓорче Петров, информираат од полицијата.

Според МВР, на 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини