Трагедија во Србија: Загина македонски државјанин

од Nikola Popovski
82 прегледи

Во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, еден државјанин на Македонија загинал, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, потврдиле од Полициската управа во Суботица за „РТС“.

Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело кон Хоргош, излетало од патот помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело.

Патникот Н. А. (39) починал во несреќата, додека возачот А. А. (60) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица, каде што ја прима потребната медицинска помош.

Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица излегле на местото на настанот.

Полицијата во Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз.

Слични содржини